Стратегот на панцирите Јулијан Нагелсман после победата над САД, го имаше првото разочараување како селектор на Германија. Германците кои се домаќини на наредното Европско првенство одигра само 2-2 (1-1) против Мексико во многу возбудлив натпревар во Филаделфија.
Германците први дојдоа во водство, постигнаа гол преку Рудигер за 0-1, но пред крајот на полуфремето Антуна израмни на 1-1. Во вториот дел Мексико прв зададе удар и преку Санчез го презеде водството, но Фулкруг се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 2-2.
Ноќеска, во САД се одигра уште еден натпревар, на кој домашната селекција беше убедлива против Гана. САД на крај победи со 4-0, а сите гола ги постигна во првото полувреме.
Головите на САД ги постигнаа Рејна (2), Пулишиќ и Балоган.