Адеми пред една недела се повреди, по што изминатата седмица бескомпромисниот борец го пропушти реваншот со Севилја (1-0) и дербито за титула со Осиек (0-1). Претстојниов викенд нема да игра против Шибеник но би требало да биде спремен за 12 март и дербито со Хајдук на сплитски „Пољуд“.
Враќањето на Адеми би било навреме пред мундијалскиот предизвик, зашто една недела по тој меч ќе следуваат подготовки за пресметката со Италија, а Адеми е исклучително важна алка во средина, особено што Македонија веќе е ослабена со неиграње на Елиф Елмас и Тихомир Костадинов поради суспензии.
Поради проблеми со повредите, Адеми за македонската репрезентација пропушти пет од седумте меча во мундијалските квалификации, прво септемвриските во трите ремија во низа, а потоа завршните ноемвриски мечеви, откако еден месец претходно на мечот со Германија, Каи Хаверц му падна на стапалото, по што фудбалерот за врска паузираше повеќе од месец .