Полуфиналистот на СП во Катар, репрезентацијата на Мароко оствари историски резултат и го совлада Бразил со 2-1 во пријателски натпревар во Батута. Тоа е прва победа за Мароко над „кариоките“ во историјата, а само втора што ја остварила африканска селекција над Бразил.

Софијан Буфал во 29.минута донесе водство за Мароканците, а израмни Кашемиро во 67.минута.

Победата за Мароко ја донесе Абделхамид Сабири во 79.минута од натпреварот.