Натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг де Ферол во Третата лига на шпанскиот фудбал беше прекинат по само десет минути игра. Причина беше здравствен проблем на српскиот фудбалер Драгиша Гудељ (25), брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој паднал на тревникот и останал без свест, но и без пулс.
На стадионот настанала тишина штом тој колабирал, играчите се фатиле за глава, а лекарите се упатиле кон теренот. Веднаш им беше јасно за што се работи и почнаа со реанимација додека соиграчите на Гудељ во солзи ја гледале непријатната сцена. Сепак, по неколку моменти успеале да го оживеат и веднаш бил пренесен во блиската болница.
Како што јавува „ABC Cordoba“, Драгиша Гудељ сега е во стабилна состојба и ќе остане во болница, а причината поради која колабирал засега не е позната. Натпреварот е одложен и речиси сигурно нема да продолжи.
Гудељ кариерата ја започна во младинските категории на НАЦ Бреда бидејќи е роден во Холандија, каде што израснал, но има српско државјанство. После тоа играше за Б тимот на Ајакс, швајцарскиот Волен, португалскиот Гимараеш и сега за Кордоба.
Situación dramática en El Arcángel. Atienden a Dragi Gudelj sobre el verde. El central del @CordobaCF_ofi se ha desplomado y la ambulancia ha accedido al terreno de juego. Le han realizado un masaje cardíaco. Está consciente y ha intentado levantarse. pic.twitter.com/edlJxpGsaj
— COPE Córdoba (@COPECordoba) March 25, 2023