Фудбалерите на Германија одиграа пријателски натпревар против Перу во Мајнц и славеа со 2-0. „Панцирите“ беа подобар ривал, а победата им ја донесоа головите на Никлас Фулкруг кој беше двоен стрелец.
Тој го отвори резултатот во 12.минута, а во 33.минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
Каи Хаверц во второто полувреме не реализира пенал.