Римски Лацио оствари сигурна победа на гости кај Емполи со 0-2 и на крајот се најде на второто место на табелата во Серија А со 74 бода, два повеќе од Интер.
Алесио Ромањоли во 48.минута го отвори резултатот, а триумфот го потврди Луис Алберто во судиското продолжение од натпреварот.
Кремонезе ја победи Салернитана со 2-0 за крај на авантурата во елитното италијанско друштво.