Дефанзивецот на француска Ница, Жан-Клер Тодибо, инаку поранешен играч на Барселона, на денешниот натпревар против екипата на Анже во франуското првенство, доби директен црвен картон уште во деветтата секунда од натпреварот. Тој направи прекршок врз противничкиот фудбалер Абдала Сим, а судијата веднаш го испрати во соблекувалната.
Ова е најбрзото исклучување во историјата на францускиот шампионат барем откако се води ваква статистика.
https://twitter.com/football34_2/status/1571506774901161985?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571506774901161985%7Ctwgr%5E154b2c65f79c1ad14743ded56b2aa590dc238f0e%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmedia.mk%2F2022%2F09%2F18%2FD186D180D0B2D0B5D0BD-D0BAD0B0D180D182D0BED0BD-D0B2D0BE-9-D182D0B0D182D0B0-D181D0B5D0BAD183D0BDD0B4D0B0-D0B5D0BAD181-D0B4D0B5D184D0B0%2F