Интер шокантно беше поразен од Болоња со 2:1 во последниот натпревар од 20. коло на Серија А. Миланскиот клуб водеше од третата минута со прекрасниот гол на Иван Перишиќ, но со головите на Марко Арнаутовиќ во 28. и Никол Сансоне во 81. минута Болоња победи.
Интер со овој пораз на четири кола пред крајот остана два бода зад водечкиот Милан, а главен трагичар на актуелниот шампион е голманот Јонут Андреј Раду. Романецот од првата минута застана на голот наместо капитенот Самир Хандановиќ и не ја оправда довербата.
Во 81. минута во обид да ја исфрли топката од својот петтерец се сопна а овој кикс го искористи Сансоне, напаѓачот на Болоња кој имаше навистина лесна работа по трагикомичниот потег на резервниот голман на Интер.
Миланскиот клуб не успеа да се врати до крајот на мечот и на крајот доживеа тежок удар во борбата за Скудетото.