Лионел Меси беше двоен стрелец за Аргентина во триумфот од 3-0 на пријателскиот натпревар против Јамајка. Скалони го остави на клупата за да провери некои други опции, па првата ѕвезда влезе во игра во 56.минута на местото на Лаутаро Мартинез. Сепак, во финишот Меси стрелаше во 87. и во 89.минута за да го потврди триумфот на „гаучосите“.
Аргентина поведе со голот на Хулијан Алварез во 13.минута од дуелот.
Перу го совлада Ел Салвадор со 4-1 на пријателскиот натпревар одигран во Вашингтон. Завалета си постигна автогол за водство на Перу, а израмни Ларин од пенал. Сепак, Перу со предност замина на полувреме откако погоди Џанлука Лападула исто така од пенал во 40.минута. Во вториот дел голови за Перу постигнаа и Брајан Рејна и Кристијан Куева од пенал.