Интер беше во ситуација вечерва да биде лидер во Серија А, поведоа на гостувањето кај Болоња и на крајот загубија со 2:1, нешто за кое сигурно ќе жалат на крајот.
„Нераѕурите“ тргнаа според планираното, уште во 3. минута на асистенција од Барелја, Иван Перишиќ постигнува гол за водство на гостите (0:1).
Тоа најави дека Интер ќе направи максимални напори овде да впише бодови и да стане лидер на првенството, но на крајот Болоња е таа која се радуваше.
Прво во 28 минута преку Марко Арнаутовиќ дојдоа до 1:1, а во самиот финиш, односно во 81. минута, Сансоне постигнува гол за предност и за конечни 2:1.
По ова коло, Интер останува зад Милан со -2, но доколку вечерва победеа, ќе имаа бод предност и ќе беа лидери на 4 кола пред крајот.