ФИФА ги објави имињата на 11-те најдобри играчи во 2021 година.

Очекувано, на листата нема премногу изненадувања, а тројцата финалисти за наградата The Best ќе бидат избрани на почетокот на јануари.

На списокот се Карим Бензема, Кевин Де Брујн, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски, Лионел Меси, Нејмар, Ерлинг Халанд, Жоргињо, Н’Голо Канте, Килијан Мбапе и Мохамед Салах.

ФИФА соопшти дека подоцна ќе биде објавена и листата на кандидати за најдобар гол на годината кои ќе се борат за наградата Ференц Пушкаш.

Kaј голманите, на листата се: Алисон Бекер, Џанлуиџи Донарума, Едуар Менди, Мануел Нојер и Каспер Шмајхел.

Во потесниот избор за најдобар тренер влегоа Антонио Конте, Ханси Флик, Пеп Гвардиола, Роберто Манчини, Лионел Скалони, Диего Симеоне и Томас Тухел.