Ливерпул ќе патува на реваншот кај „жолтата подморница“ со солидна предност од 2:0, која вечерва ја стекна на Енфилд.
По првиот дел мрежите мируваа, но затоа почетокот на вториот дел беше бурен за домашната екипа. Во 53. минута по едно нафрлување во просторот на гостите, топката се одби од еден од гостинските играчи, а таа топка ефектно заврши во голот на Вилјареал.
Само минута подоцна Ливерпул доаѓа до 2:0, овој пат стрелец на голот е Садио Мане.
Еуфоријата која се створи на Енфилд, Ливерпул максимално ја искористи во тие моменти и на крајот го сочува тој резултат со кој се надева дека во реваншот ќе го сочува и ќе стигне до уште едно финале.