Левиот бек на Вардар Филип Талески за синоќешниот пораз на гости кај Нексе од СЕХА-лигата вели дека самите се виновни бидејќи не одиграле тоа што им го кажал тренерот Дејвис.
„Мислам дека не треба да се извинуваме за вечерва бидејќи навистина не ја одигравме договорената тактика. Се обидовме да се вратиме во игра, но домашните беа подготвени секој пат. Им честитам на победата“. – изјави македонскиот репрезентативец по средбата.
Вардар нема време за многу анализи и веќе утре игра нов натпревар во Супер лигата и има незгодно гостување во Кавадарци кај Тиквеш.