Европскиот шампион Анадолу Ефес доживеа пораз на домашен терен од Партизан со 84-97 во Евролигата со што си ги намали шансите за место во Топ 8 и пласман во следната фаза. Партизан со оваа победа се искачи на шестата позиција со огромни шанси за пласман понатаму.
Инаку Ефес фантастично го отвори натпреварот со 23:11 по првата четвртина, но во втората тотално падна и му дозволи на Партизан да го сврти резултатот. Ефес повторно ја врати предноста во третата четвртина, но Партизан одигра феноменално во последната четвртина, беше попрецизен и на крајот славеше голема победа.
Клајбурн со 22 поени беше најдобар кај Ефес, Брајант постигна 16, додека кај Партизан најефикасен беше Пантер со 19, Лесор даде 17…
На другите мечеви Монако славеше над Виртус Болоња со 81:68, а Олимпијакос беше подобар од Жалгирис во гости со 72-74.