Иако синоќа Мемфис Гризлис го совладаа Денвер Нагетс, мечот беше во знакот на Никола Јокиќ.
Српскиот кошаркар повторно имаше трипл дабл, постигна 26 поени, 12 асистираше и фати 11 скока, додека ударот од игра беше 11/16, а имаше блокада и две украдени топки. Фасцинантен е податокот дека со над 40 минути поминати на паркетот, Јокиќ немаше ниту една загубена топка, а четврти меч по ред направи трипл-дабл и стана првиот човек во историјата на Нагетс кој направи така.
Сепак, најдобриот потег на мечот е асистенцијата на Јокиќ за Ерон Гордон.
https://twitter.com/TheAthletic/status/1484745262849564674?s=20