Црно белите на чии мечеви атмосферата е фантастична три меча по ред го уриваа сезонскиот рекорд со преку 20 илјади гледачи во „Штарк Арена“ . Рекордот годинава е 20.068 гледачи против Реал Мадрид, па им треба во дуелот со атински Панатинаикос повеќе од 17.715 гледачи за да го постават рекордот – 300.000 гледачи во една сезона.
Ваква бројка досега никој не достигнал во историјата, а на Партизан им е потребна посета која е скоро за три илјади помалку од сезонските рекорди. Бидејќи станува збор за натпревар на кој ќе се заверува плејофот, нема сомнение дека рекордот ќе биде урнат, а можеби и да биде нов рекорд на посета сезонава.
Просечната посета на белграѓани сезонава е 17.642 гледачи, а најмалку имаа против турскиот Анадолу Ефес – 13.776 гледачи со платен билет.