Секое кошаркарско „Ел Класико“ носи спектакл, а така беше и оваа вечер – во 21. коло од Евролигата, Реал по продолженија ја совлада Барселона со резултат 91:86.

Каталонците ја имаа третата врзана победа во свои раце во третото последователно „Ел Класико“, второ во низа во Мадрид, но „кралевите“ ги воскресна од мртвите прво Серхио Љуљ, а потоа и Џанан Муса.

Барса беше во водство во текот на целиот натпревар, додека Реал заостануваше и бркаше резултат.

Во средината на третата четвртина домашните беа во голема серија и стигнаа до 44:42, а по тајм-аутот на Шарунас Јасикевичус налетот го одби Никола Калиниќ.

Погоди две тројки во низа, за Барса да се врати на двоцифрена негатива и се чинеше дека таму ќе биде решен натпреварот.

Сепак, во последната четвртина се разигра Серхио Љуљ и целосно го врати Реал во игра, но и ја запали салата.

На 21 секунда пред крајот имаше напад за победа, но Љуљ погреши во чекори и се отиде во продолжение.

Потоа го замени Џанан Муса, кој целосно распали, погоди два поени над Миротиќ, па тројка за 84:76 и тука беше решен натпреварот.

Иако Барса успеа да го направи крајот неизвесен со украдени топки, Љуљ од линијата за слободни фрлања го приведе натпреварот кон крајот.

Габриел Дек беше најефикасен на средбата со 23 поени, Серхио Љул додаде 19, Џанан Муса 18, а Валтер Таварес 10.

Никола Миротиќ беше најдобар кај Барса со 17 поени, Томаш Саторански и Јан Весели постигнаа по 12, а Кори Хигинс 10 поени.