Фудбалерите на Ливерпул убедливо ја совладаа екипата на Тотенхем со 4-2 (2-0), во рамките на 36. коло на англиската Премиер лига. „Црвените“ на Јирген Клоп дојдоа до триумф над ривалот во дербито на колото и му зададоа тежок удар во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.
Резултатот на „Енфилд Роуд“ го отвори Мохамед Салах кој погоди за 1-0 во 16. минута. До пред полувремето немаше измени на резултатот, а во финишот Ендру Робертсон ја удвои предноста со гол за 2-0.
Ливерпул практично го реши натпреварот на стартот на второто полувреме. Голот за 3-0 падна во 50. минута од пресметката, а стрелец беше Коди Гакпо со удар со глава по асистенција од Елиот. Тотенхем имаше шанса преку Бренан Џонсон, меѓутоа не успеа да погоди. „Црвените“ зголемија и на 4-0 веќе во 59. минута преку Харви Елиот кој даде ефектен погодок.
До крајот на мечот Ричарлисон и Хјонг Мин сон го ублажија поразот на „пчелите“ со головите во 72. и 77. минута, поставувајќи ги конечните 4-2.
Со оваа победа Ливерпул е на 78 бода на третото место, додека Тотенхем со 60 заостанува во трката за елитното европско натпреварување.