Екипата на Астон Вила загуби на гостувањето кај Брајтон, откако прими гол во финишот во дуелот против фудбалерите на Де Зерби (1-0). По бледиот прв дел, во продолжението двете екипи постигнаа по еден гол, но заради офсајд без погодок останаа Грос и МекГин. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, Колса го сруши Адинга и судијата покажа на белата точка. Ударот на Жоао Педро го одбрани Робин Олсен, но топката остана кај Бразилецот, кој со глава ја смести во мрежата (1-0).
Астон Вила има седум бода повеќе, но и два натпревари повеќе од петтопласираниот тим на Тотенхем.