Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со соопштение во врска со скандалот кој му претходеше на финалето од Лигата на шампионите.
Финалниот натпревар доцнеше повеќе од половина час. Во официјалното соопштение се вели дека навивачите се виновни за доцното влегување на стадионот, но подоцна се покажа дека организацијата била очајна.
Разочарани сме од проблемите со влегувањето на стадионот и рушењето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул вечерва на стадионот „Франција“. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме вечерва.Поднесовме барање за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми“, стои на официјалниот сајт на Ливерпул.
Навивачите со уредно купени билети стоеја во ред со часови, имаше и такви кои се обидоа да влезат бесплатно, а локалната полиција реши да употреби солзавец, без разлика што меѓу насобраните имаше и деца и трудници.