Канадскиот тенисер се врати на тениските терени во голем стил. Милош Раониќ постави нов рекорд по број на асови во тениски меч кој се игра во два добиени сета, имаше дури 47.

Раониќ го немаше во последните 3-4 години, беше подзаборавен, но канадскиот тенисер се врати во голем стил.

Денеска на турнирот во Лондон го победи Нори со 2-1 во сетови и постави рекорд по број на асови, вкупно 47.

Претходниот рекорд го држеше Иво Карловиќ со 45 аса на еден меч.