Репрезентацијата на Франција со минимална предност замина на полувреме на дуелот со Австрија.
„Триколорите“ важат за големи фаворити во пресрет на овој натпревар, но Австријците одиграа сосема коректно прво полувреме. Сепак се чини дека среќата им го сврте грбот. Имено, Франција поведе со ефектен автогол на Вебер со глава во 38-та минута, а нешто претходно Баумгартнер имаше неверојатна шанса за водство на Австрија од 1-0, но биеше само во добро поставениот голман Мањан.
Во рамките од оваа група во неделата Холандија извојува тесна победа над Полска од 2-1.