Ова беше средба од Втората лига во која 35-годишната фудбалерка дури 11 пати ја затресе противничката мрежа. Салихи е една од најдобрите македонски фудбалерки во историјата, која годинава се збогува од националниот тим по прославениот јубилеј од 100 натпревари во жолто-црвениот дрес.
Во женската второлигашка конкуренција викендов имаше уште еден неверојатен резултат и тоа во дербито во Валандово во кое Вардар ја совлада Победа со 13-1.