Италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше голема победа во финалето со 3-2 во сетови, односно 3-6, 3-6, 6-4, 6-4 и 6-3 против Данил Медведев на Австралијан опен и се закити со првата гренслем-титула во својата кариера.
Искусниот руски тенисер го доби првиот сет со 6-3, откако направи два брејка, додека во вториот следеше идентичен почеток, по кој Синер врати само еден загубен гем, но тоа не му беше доволно да го спаси сетот (3-6).
Медведев играше одлично и во третиот сет, па делуваше дека ќе го освои пехарот во Мелбурн, меѓутоа Италијанецот се разбуди и со брејк во 10. гем стигна до 6-4.
Синер во четвртиот сет постојано го напаѓаше Медведев, но не искористи две брејк-топки до 10. гем кога повторно го надигра Русинот и славеше со 6-4.
Италијанскиот тенисер во шестиот гем го скрши отпорот на Русинот и поведе со 4-2 во решавачкиот сет, по кои Медведев не успеа да се врати и загуби со 3-6.