Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски се избори за финале на М15 турнирот во Монастир, Тунис, откако денеска го совлада вториот носител Сирил Вандермерш со 2-1 во сетови, односно 6-7, 7-5 и 7-6.
Натпреварот го одбележа голема борба од самиот старт, а првиот сет му припадна на францускиот тенисер со 7-6, откако во тај-брејкот беше подобар со 7-2.
Ивановски не му дозволи на ривалот да здивне, па со одлична игра во вториот сет набрзо стигна до израмнување (1-1), откако сетот му припадна со 7-5.
Голема борба меѓу двајцата тенисери се водеше и во последниот сет, каде што Ивановски стигна до 6-5 и на свој сервис можеше да го добие мечот, меѓуот Вандермерш успеа да направи брејк и да израмни на 6-6, по што во тај-брејкот македонскиот тенисер беше подобар со 7-2.