Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа стартуваше на фјучерс турнирот кој се игра во германскиот град Хешинген и е со награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа со пресврт ја победи хрватската тенисерка Тена Лукас.
Македонската тенисерка првиот сет го загуби со 4-6, но во следните два триумфираше со 6-3 и 6-2 и го доби дуелот.
Ѓорческа на овој турнир ќе игра и во конкуренција на двојки заедно со Алена Фомина – Клоц, прв противник им се Мариана Дражиќ (Хрватска) и Анита Вагнер (БиХ).