Ѓоковиќ и по цена на трофеите нема да се вакцинира, што може многу да влијае на неговата кариера и (не)учеството на разни турнири.
Затоа едно од главните прашања е каде ќе може да игра српскиот ас?
Познато е дека по пропуштањето на Австралија опен, следната недела ќе ја започне сезоната од Дубаи, на турнирот од серијата 500.
Обединетите Арапски Емирати не бараат целосна документација во врска со вакцинацијата, а Ѓоковиќ е во добар однос со организаторите на турнирот, каде што беше петкратен победник.
Сепак, после тоа Ѓоковиќ би можел да западне во неволја.
Според правилата во САД, Ѓоковиќ не ги исполнува условите за настап во Индијан Велс, каде што е пријавен, како и во Мајами, каде што е неопходна вакцинација.
Сето тоа може да се промени, па Новак ќе игра на картата дека се заразил со коронавирусот во декември, но големи се шансите да ја прескокне американската турнеја.
Следува Монте Карло каде е резиденцијата на Новак, а во Франција правилата се сменети и Новак ќе има рок до 16 април да влезе во таа земја, поради прележан вирус во периодот од четири месеци, како што е планирано.
Монте Карло е на програмата од 9 до 17 април, а голема е веројатноста Новак да игра доколку останат такви услови.
Извесно е дека Ѓоковиќ ќе учествува на Отвореното првенство на Србија, на кое е организатор, како и во Мадрид и Рим, бидејќи Шпанија и Италија не бараат вакцинација при влез во тие земји, туку прележан ковид во последните шест месеци или негативен ПЦР тест.
Што се однесува до Грен слемовите, првиот кој е на програмата е Ролан Гарос, а француските власти ја укинаа одлуката за влез на странци невакцинирани, а правилото за четири месеци од позитивен тест останува, што значи дека Ѓоковиќ би останал дома бидејќи се игра во мај.
Има најави дека овој период би можел да биде продолжен на шест месеци, што ќе му користи на светскиот рекет број еден.
На Вимблдон нема да има проблеми, бидејќи Британците бараат негативен тест само 72 часа пред влезот во земјата, со задолжителен десетдневен карантин, но проблем е УС Опен.Американците ја затвораат вратата за невакцинираните .
Сè потоа е неизвесно бидејќи доаѓа есен и останува да се види како пандемијата ќе влијае на светот.
Сепак, сето ова е прашање бидејќи правилата во моментов се на сила и не се знае какви ќе бидат промените, што значи дека Новак Ѓоковиќ мора да живее во постојана неизвесност и „од турнир до турнир“.