Најдобриот македонски тенисер за помалку од еден час или попрецизно доволни му беа 56 минути за да го надигра Ејал Шиовиц од Израел со 6-2, 6-1. Ивановски направи пет брејка, а на противникот не му дозволи ни да дојде до можност за освојување на неговиот сервис.
Домашниот тенисер пријавен беше на овој турнир со рејтинг 1.402 на АТП-листата, па оттука Ивановски важеше за голем фаворит. Тоа нема да биде случај во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со уште еден израелски тенисер, 27-годишниот Даниел Цукиерман, кој е четврти носител на турнирот и 458. место на светот.
Ивановски замина во Израел, откако го освои турнирот од М-15 серијата, во Хераклион, Грција, без да загуби сет.