Најтрофејниот клуб во Бразил, Палмеирас, додаде уште еден дијамант на својата круна. Синоќа стана шампион на Бразил 11. пат во своето постоење, иако од сезоната има уште три кола.
Палмеирас победи со 4-0 против Форталеса, но само колку да го збогати своето славје, бидејќи уште порано во ноќта се знаеше дека титулата е осигурана, благодарение на поразот на Интернасионал. Тој загуби од Америка Минеиро со 0-1, па разликата во бодови остана 10, што е недостижно на три кола до крајот. По триумфот, Палмеирас дојде до 77 бода, Интернасионал има 64.
Палмеирас доминираше сезонава во Бразил, со само два пораза во 35 кола и двата на домашен терен, додека на гости оствари десет победи и седум нерешени. Ова е прва титула по 2018 година, вкупно 11-та, најмногу на вечната листа во бразилската Серија А. Втор е Сантос со осум.