Никола Јокиќ се проби на второто место во трката за најкорисен играч во НБА лигата оваа сезона.

Српскиот ас, кој минатата година стигна до титулата МВП, во последно време практично на раменици ги носи Денвер Нагетс. Во досегашниот дел од сезоната има 25,5 поени, 14 скока и седум асистенции по натпревар.

Во моментов во водство е Јанис Адетокумбо. Гркот има остварување од 28,5 поени, 11,5 скока и 6,1 асистенции.

Водејќи долго време на листата, Кевин Дурант падна на третото место. Четврти е Џоел Ембид, асот на Филаделфија, а листата на најдобрите пет ја затвора Демар Дерозан, играчот на Чикаго.

Интересно е што од првата петорка отпадна Стеф Кари, кој одлично ја започна сезоната и беше можеби првиот кандидат за престижната награда.