Со натпреварите Њујорк Никс против Бостон Селтикс, односно Лос Анџелес Лејкерс против Минесота Тимбервулвс, официјално се отвора кошаркашката НБА сезона, 79-та во историјата.

Актуелен бранител на трофејот е Бостон Селтикс, кој лани го совлада Далас Маверикс во финалето со 4-1 во победи. Немаше преголеми потреси и бомбастични трансфери, а голем дел од екипите ги задржаа своите најголеми ѕвезди.

Бостон сепак во моментов важи за фаворит број еден за нов трофеј и одбрана на титулата, а потоа следуваат Оклахома Сити ТандерДенвер Нагетс, Њујорк Никс и Филаделфија 76ерс. Никола Јокиќ со Денвер сигурно повторно ќе го имаат главниот збор во западната конференција, од каде може повторно да се придружи и Далас на Лука Дончиќ, кој во моментов е седморангиран во однос на шампионската титула.

Минатата година наградата за најкорисен играч во лигата (МВП) по третпат му припадна на неверојатниот Никола Јокиќ, а коефициентот во моментов поторно го сместува највисоко и за новата сезона.

Стартот на плеј-офот е на 20 април. Натпреварот помеѓу Бостон и Њујорк ќе започне во 01:30 часот по македонско време, додека дуелот меѓу Лејкерс и Минесота ќе се одигра во  04 часот наутро.