Хрватската ракометна репрезентација доби големо засилување пред важниот натпревар против Србија на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка.

Средниот бек на Барселона, Лука Циндриќ оздраве од ковид-19 и ќе биде дел од составот на Хрватите за натпреварот кој се игра од 20.30 часот.

Од Загреб во репрезентацијата пристигнаа и Жељко Муса и Валентино Равниќ, откако претходно позитивни на тестот за корона беа Леон Шушња и Ловро Михиќ.