Главниот град на Шпанија Мадрид, е прекриен со постери на Новак Ѓоковиќ.
Мадридскиот дневен весник „Ас“ објави видео на кое се гледа дека постојките на јавниот превоз се залепени со плакати со ликот на најдобриот тенисер во светот.
Весникот пишува дека вака организаторите на Мастерсот во Мадрид го најавија турнирот што треба да се одигра на 1 мај, во пресрет на Ролан Гарос.
Дали тоа значи дека Новак сигурно ќе учествува на турнирот и зошто на плакатите го нема домашниот херој Рафаел Надал, останува да видиме во наредните денови.