Поразот на Тотенхем од словенечкиот тим Мура со 2-1 значителнмо го отежна патот на англискиот премиерлигаш во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА. Тоа беше прв пораз за Антонио Конте на клупата на „спарс“ во четвртиот натпревар.
Италијанецот беше искрен по натпреварот.
„Само што почнав да ја разбирам ситуацијата. Не беше лесно. Во моментов Тотенхем не е врвен тим. Мило ми е што сум тука, но мора да работиме напорно и да го зајакнеме квалитетот на тимот“, изјави Конте.
Мура е од Мурска Собота, град со 10 илјади жители, а стадион за овој ранг од натпреварувањето нема, па европските натпревари ги игра во Марибор.