Штутгарт одигра реми 1-1 на гостувањето кај Аугсбург и освои важен бод кој ги остави во битката за опстанок во Бундеслигата.

Аугсбург по само осум минути постигна гол за водство, по што Штутгарт тргна со сите сили кон голот на домаќинот бидејќи немаше што да загуби, а до израмнување стигна во 78. минута преку Ендо.

Штутгарт има 25 бода на 16. позиција, односно два помалку од безбедната зона, додека Аугсбург е 13. место со 30 бодови.