Тој на „Камп Ноу“ ќе пристигне како слободен фудбалер, односно без отштета што е и тоа како примамливо за каталонците со оглед на големата финансиска криза во која се наоѓаат.
Фирмино со Ливерпул триумфираше во Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига купот, како и на Светското клупско првенство, откако во 2015 година пристигна од Хофенхајм. Бразилецот одигра вкупно 360 натпревари за „црвените“ и постигна 109 гола, со што стана миленик на навивачите.