Натпреварот меѓу Вардар и Воска беше дуел меѓу двете последни екипи на табелата, црвено-црните со победа имаа шанси да го напуштат дното, но тоа не само што не се случи, туку по овој пораз разликата стана поголема.
Воска дојде во водство уште во четвртата минута со гол на Марушиќ, но Вардар брзо се врати, десет минути подоцна го изедначи резултатот со голот на Папули.
На 15 минути до крајот Јашаровски постигна гол за ново водство на Воска и победа од 2-1.
Пред натпреварот со Струга, Брера немаше победа на девет натпревари по ред во домашното првенство. Негативната серија е прекината денес кога во Струмица го совладаа актуелниот шампион со 2-1.
Брера поведе уште во осмата минута со гол на Рибаудо, во самиот финиш од првото полувреме зголеми Јанкулов на 2-0.
Незири во 78. минута постигна гол за Струга со надеж дека може да се избегне пораз, но Брера го задржа водството и на крајот се радуваше на прва победа по речиси три месеци.
Гостивар со прекрасен гол на Атиемвен од далечина ја совлада Брегалница со 1-0. По овој пораз штипскиот тим падна на претпоследната позиција на табелата.
Резултати:
Вардар – Воска 1-2
Брера – Струга 2-1
Шкендија – Тиквеш 1-0
Гостивар – Брегалница 1-0
Утре
Македонија ЃП – Работнички
Силекс – Шкупи
Табела: Шкупи 28 (-1), Шкендија 28, Струга 27, Силекс 20 (1-), Брера 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Работнички 16 (-1), Македонија ЃП 15 (-1), Брегалница 14, Вардар 11