Каталонската сензација Џирона веќе не е само изненадување, туку и сериозен кандидат за титулата во Ла Лига. Каталонците продолжуваат со победи, а денес триумфира со 1-2 на гости во Мадрид кај Рајо Валјекано.
Рајо дојде во водство во петтата минута со голот на Алваро Гарсија. Сепак, Џирона се разбуди подоцна.
Артем Довбик во 42.минута го израмни резултатот, а Савио во 65.минута се погрижи за комплетен пресврт и победа на Жирона од 2-1.
Бајковитата сезона за Жирона продолжува да трае, и се зацврсти на врвот на табелата во Примера.
Димитриевски ја сочува мрежата на Сантијаго Бернабеу против Реал Мадрид, но денеска прими два гола од Жирона.
Македонскиот голман беше извонреден и покрај двата примени гола. Еве една од извонредните одбрани…