Мечот не почна најдобро за Милан, по само десет минути игра Леао поради повреда мораше да го напушти теренот, на негово место влезе Окафор.
Домаќините атакуваа на сите три бода против шокираниот Милан кој во 93. минута остана без Жиру. Напаѓачот заработи жолт картон, а поради протест веднаш му беше покажан и црвен.
Во следната минута Пиколи постигна фантастичен погодок од далечина за комплетен пресврт и водство на Лече од 3-2, но судијата по преглед на снимката му го поништи погодокот поради фаул врз противнички играч.