Шкотскиот тим беше пред пласман понатаму и во регуларниот дел, бидејќи имаше сигурно водство од 2-0 и играч повеќе. Џејмс Таверниер погоди во 2.минута, а потоа и во 44.минута од пенал, откако директен црвен картон доби дефанзивецот на Брага, Тормена. Резултатот 2-0 го водеше Ренџерс понатаму, бидејќи на првиот натпревар во Португалија загубија со 1-0, но Давид Кармо погоди за гостите во 83.минута за 2-1.
Во продолженијата Кемар Руфи беше херој на домашните, бидејќи реализираше за 3-1 во 101.минута. Гостите потоа останаа со уште еден играч помалку по црвениот картон на Медеирош.
Глазгов Ренџерс во полуфиналето во Лигата на Европа ќе се судри со Лајпциг.