При објавувањето на неговиот трансфер, многу турски медиуми потенцираа дека најголем „виновник“ за неговата преселба во Истанбул бил репрезентативниот колега Елиф Елмас, кој пред неколку години настапуваше за Фенер. Но, Алиоски тоа го негира.
„Елиф ми е близок пријател од националниот тим на Македонија. Секако дека разговарав со него пред да дојдам во Фенер, но не е точно дека тој ме убедил да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да дојдам во Турција. Тој е ептен талентиран фудбалер кому му посакувам се најдобро во кариерата, а кој само ми честита на трансферот. Ништо повеќе од тоа“, изјави Алиоски.
Македонскиот репрезентативец, кој потенцира дека често доаѓав во Турција е што имал и роднини, изјави и дека е одушевен од атмосферата на натпреварите на Фенер.
„Сум бил во Турција и претходно, имам многу роднини тука. Нашите култури се многу слични, а Истанбул е еден од најубавите градови во светот. Животот тука ќе ми биде предизвик, особено што ќе можат често да ги гледам роднините кои живеат во Бајрампаша. Инаку, немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата на стадионот на мојот нов тим. Пресреќен сум што и постигнав гол на домашен терен. Отсекогаш сонував да игра за овој голем клуб“, дополни Алиоски.
Нашиот фудбалер откри дека и минатата сезона имал преговори со челниците на Фенербахче, кои тогаш не финиширале како што посакувал тој.