Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во второто коло на УС Опен и со тоа го одложи своето пензионирање.
Во првото коло на УС Опен, 40-годишната Американка ја совлада црногорската претставничка Данка Ковиниќ со 2-0 во сетови, по еден час и 40 минути битка – 6:3, 6:3.
Притоа, таа го одложи своето пензионирање, кое ќе дојде кога ќе го одигра последниот меч на УС Опен, турнирот на кој освои шест од нејзините 23 Грен слем титули.
Американците приредија шоу за потенцијално последниот натпревар на Серена и го наполнија до крај централниот терен на Артур Еш.
Серена им врати со еден од подобрите мечеви што ги одигра во последните неколку години, но Ковиниќ не беше „лесен плен“.
Црногорката поведе со 3:2 со брејк предност во првиот сет, но Серена заигра подобро со помош на публиката, стигна до 5:3, а потоа спаси четири брејк топки и го освои првиот сет.
Вилијамс го внесе моментумот во вториот сет, но Данка не се предаде.
Таа спаси четири брејк топки во првите два сервис-гема, но во следниот немаше одговор.
Серена како и во најдобрите денови мирно го чуваше својот сервис, а потоа во деветтиот гем од вториот сет направи брејк со нула и со тоа предизвика ерупција на трибините.
Во второто коло на УС Опен, Серена Вилијамс ќе игра против втората тенисерка во светот, Естонката Анет Контавеит, која со 2-0 во сетови ја совлада Романката , Кристијан.
Победи забележаа и Крејчикова (2-0 против Контрерас), Шмиедлова (2-0 против Подороска), Самсонова (2-0 против Беилек), Жанг (2-0 против Тајчман), Русе (2-1 против Севил), Томљановиќ. (2-0 против Мухова), Роџерс (2-1 против Рус), Родина (2-0 против Тревисан).