Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз, потешко од очекувањата ја мина првата пречка на турнирот во Пекинг, откако по голема борба и еден неизвесен сет беше подобар од квалификантот, Јаник Ханфман (6-4, 6-3).
Првиот сет беше вистински фестивал на брејкови, со оглед што Шпанецот Алкараз направи дури три, а Германецот два, што беше доволно еден од најталентираните тенисери на денешницата да поведе со 1-0. Вториот сет го доби рутински, па Алкараз со два брејка стигна до второто коло каде го чека Лоренцо Музети.
На овој турнир не настапува светскиот рекет број еден, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, но и покрај тоа ќе остане лидер на АТП-листата, најмалку до почетокот на следниот месец.