Младата хрватска тенисерка Петра Марчинко го постигна првиот триумф во кариерата на турнир од серијата ВТА 250.
Таа во Рабат, Мароко, за два часа и 12 минути игра ја победи 77-та тенисерка во светот Ребека Петерсон со резултат 6:0, 2:6, 7:5.
Марчинко е девојка која неодамна го привлече вниманието на јавноста со серија од 25 победи.
Досега играше само турнири од пониски серии,а се испроба на единствениот ВТА турнир во Африка – и славеше.
16-годишната тенисерка од Загреб не можеше да посака подобро деби.
Таа е 362. на листата, а го реши првиот сет без загубен гем – 6:0.
Во вториот возврати поискусната Петерсон, за да се види голема борба во решавачкиот сет.
Разменија по два брејка во воведните игри, за да го направи клучниот Марчинко во 11. гем.
Во следното коло ќе игра со победничката од дуелот Марсела Закаријас – Астра Шарма.
Прва носителка на овој турнир е Гарбине Мугуруза.
https://twitter.com/SiemBlueboom/status/1525859196712980480?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1525859196712980480%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D15nav_id%3D2155153