Шпањолката Марина Басолс направи неверојатен пресврт за да слави во полуфиналето во квалификациите за место во главната ждрепка на турнирот во Будимпешта од серијата 250.
Шпанската тенисерка беше пред пораз, бидејќи првиот сет го загуби со 0-6, а во вториот губеше со 0-5. При резултат 0-30 за противничката, започна епскиот пресврт на Басолс. Таа во вториот сет мораше да спаси три меч топки за да дојде до 7-5, а во третиот решавачки сет славеше со 6-4 против Белорусинката Јулија Хатука.