Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфинале на Ролан Гарос во Париз, откако го победи рускиот тенисер Карен Хачанов со 4-6, 7-6, 6-2, 6-4 во четвртфиналниот дуел.
Ѓоковиќ првпат во Париз загуби сет и тоа првиот откако Хачанов го искористи најлошиот гем на Србинот во првиот сет за да направи брејк во петтиот гем. После изедначен втор сет во кој двајцата тенисери ги освојуваа своите сервиси, Србинот во тајбрејк каде е најмоќен го збриша Хачанов со 7-0 за да израмни.
Ѓоковиќ во третиот сет на противникот му даде само два гема, а експресно на почеток направи еден брејк, а потоа со сигурен сервис во седмиот гем поведе со 5-2 со втор брејк и стекна пресност во мечот.
Во последниот четврти сет, Ѓоковиќ во третиот сет направи брејк, па пропушти шанса за втор брејк во седмиот, по што го загуби својот сервис за Хачанов да израмни, ама и експресно возврати со нов брејк за водство и потоа на својот сервис ја завери победата.
Со оваа победа популарниот Ноле има сигурно второ место на АТП поминувајќи го веќе елиминираниот Данил Медведев, а за финале ќе се бори против победникот од дуелот на Карлос Алкараз и Стефанос Циципас. За прво место на АТП на Ѓоковиќ му треба да го освои Ролан Гарос.