Карлос Алкараз убедливо со 3-0 (6-2, 6-1, 7-6) во сетови го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Светскиот рекет број еден и нова шпанска ѕвезда во полуфиналето ќе игра против србинот Новак Ѓоковиќ.
Иако Алкараз беше фаворит, се очекуваше поголем отпор од Стефанос Циципас, но Гркот одигра на високо ниво само во третиот сет.
Алкараз маестрално го започна дуелот, првите два сета ги доби со 6-2 и 6-1, а отпор од противникот имаше само во третиот сет.
Во третиот сет Алкараз водеше со 6-2 и две меч топки, но Циципас успеа да се врати и да се избори за тајбрејк во сетот. Сепак во него Шпанецот беше подобар, го доби со 7-5 и се пласираше во полуфиналето. Прво за него на Ролан Гарос.
Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој претходно во четири сета го совлада Карен Хачанов 3-1 (4-6, 7-6, 6-2 и 6-4).
Утре на програмата се преостанатите два четвртфинални мечеви, Зверев – Ечевери и Руне – Руд.