Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ потпиша договор со Јувентус, дошол на прегледи и на склучување на соработката во Торино, а не смеел – според најновите протоколи за Ковид-19 во Италија. Тој во Торино дошол со позитивен тест на Ковид-19 и го прекршил правилото за задолжителна изолација.
„Со три дози од вакцината против Ковид-19, секој што ќе има позитивен тест на Ковид-19, мора да остане во изолација седум дена. Такви се правилата, секој што ќе излезе од изолација ги прекршува и за тоа следи автоматска казна“, изјави Џорџо Гарофало, директор за јавно здравје во Кризниот штаб на Торино.
https://twitter.com/juventusfcen/status/1487148269407027203?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1487148269407027203%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Fvlahovik-bil-iznenaden-koga-vlegol-vo-soblekuvalnata-na-juventus-video%2F
Душан Влаховиќ не добил дозвола да отпатува во Торино на медицински прегледи и да потпише за Јувентус и е регистриран како прекршител на задолжителниот карантин.