Двата полуфинални натпревари донесоа спектакуларни завршници и многу возбуда. Останаа уште два натпревари оној за бронза помеѓу Франција и Данска и финалето меѓу Шведска и Шпанија.
Синоќа на дуелот Шведска и Франција голманот Паличка беше човек на одлука. Олимпискиот шампион во самиот финиш имаше напад за реми и продолженија, ама пред Фабрегас застана шведскиот голман и со фантастична одбрана ја одведе својата селекција во големото финале.
„Имав среќа што утрово изедов малку повеќе кајгана, па го одбранив ударот“, ја објаснува „шпагата“ при ударот на францускиот кружен напаѓач. Отидов по интуиција. Сега никој не е посреќен од мене. Една од моите предности е енергијата. Секогаш ја имам, ми доаѓа од срце. Страсен сум за ракомет, за Шведска. Се надевам дека тоа може да се види“, вели Паличка.
Паличка пет дена не тренираше бидејќи беше позитивен на корона и веднаш стом заврши петдневната излоација се врати со висок стил и беше најзаслужен за победата на Шведка со 12 одбрани и три гола постигнати гола.