Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо е во Дубаи, а на социјалните мрежи споделува фотографии во друштво на милијардер познат како Фаза.
Фаза е син на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, премиерот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи, а судејќи по објавите на социјалните мрежи – богатиот шеик го угости славниот португалски фудбалер во својот мегалуксузен дом.
View this post on Instagram
Роналдо и Фаза си ги лајкуваат фотографиите на нивните Инстаграм профили и им се заблагодаруваат за добрата дружба.
Инаку, Роналдо престојува во Дубаи со бремената Георгина, која наскоро треба да роди близнаци. Со нив се и децата, двата синови и двете ќерки.
Вереницата на Роналдо го прослави својот 28 роденден во овој луксузен ресорт, а по тој повод ја чекаше посебно изненадување.
View this post on Instagram
Нејзиниот лик се појави на една од највисоките згради во светот – Бурџ Калифа.
Таткото на Фаза, кој има уште тринаесет деца, го назначи за наследник на тронот во 2008 година. Иако беше втор по редот за тронот, Хамдан ќе го наследи својот татко бидејќи неговиот постар брат Рашид почина на 33-годишна возраст од срцев удар. Се пишуваше дека Рашид водел бурен живот и дека дрогата била причина за смрта.